
Кој е Дарко Коцев, новиот овластен командир на ТППЕ Штип? Екипата на М-Нет Tелевизија денеска беше во посета на оваа институција, а посета направивме и кај новиот овластен командир Коцев. Го прашавме кои се неговите почетоци во оваа установа, неговите најголеми постигнувања во работењето? Тој истакна дека има работно искуство од 13 години, односно од 2009 година работи во ТППЕ Штип. Од 2014 – 2017 година работeл како командир на смена, а во својата област има доста сертификати и обуки. Сертфикат за извлекување луѓе од сообраќајни незгоди, обука за дрегер, обука за елементари непогоди. Коцев е еден од пожарникарите кои учествувале во поплавите во Србија, Стајковци како и во поплавите во штипско Ново Село. Беше дел и од гаснењето на пожарите во трговскиот центар Глобал во Струмица. За М-Нет Tелевизија тој потврдува дека командир за него нема големо значење, бидејќи за него не е променето ништо.
„Пред сѐ сакам да се заблагодарам на градоначалникот Јорданов за овластувањето кое ми го даде за привремен командир на ТППЕ Штип. Меѓутоа, за мене ова нема големо значење, бидејќи јас продолжувам да работам како пожарникар, излегувам на пожари доколку има, канцеларијата ја користам само во моменти кога треба. Не користам службено возило и немам дополнителни примања и покажување на плата. Но сакам да додадам дека во оваа институција ќе се работи посветно и одговорно, законски и онака како што треба да се работи.“ – кажа Коцев.
Инаку примопредавањето на функцијата командир на ТППЕ Штип треба да се реализира за неколку денови. Денеска се предадени само клучевите, бидејќи претходниот командир, сегашен општински курир, е на одмор. Во оваа прилика Коцев истакна дека на огласот кој ќе биде распишан за официјален командир на ТППЕ Штип нема да се пријави, односно оваа функција ќе ја работи до изборот на новиот официјален командир.
Лаура Стојанова М-Нет