Кошаркарките на Тим Арена утре гостуваат кај Гостивар

Кошаркарките на штипски Тим Арена утре гостуваа кај Гостивар во меч од 16. коло од Првата Б кошаркарска лига на Македонија.

На овој меч штипските кошаркарки ќе атакуваат на 15-ти сезонски триумф, откако претходон забележаа 14 побед и два порази и со вкупни 26 бодови се на врвот од табелата пред Патриот кој е на второто место со бод помалку.

Гостивар е на 5. место со 20 бодови на своето конто односно скор од седум победи и шест порази, но и натпревар помалку.

Натпреварот меѓу Гоствар и Тим Арена се игра утре со почеток од 13 часот.

Во рамки на оваа Рунда Јан Бор ќе игра со Охрид, Шкупи ќе биде домаќин на Пониква, а пак Риниа Баскет ќе се соочи со Патриот. Екипата на Спорт Тим Неготино е слободна во оваа коло.

Александар Ванев, М-Нет