Кошаркарките на Пониква ќе гостуваат кај Гостивар, во Делчево гостува МЗТ Скопје, Куманово Гризли дисквалификуван

Првата А кошакарска лига ќе продолжи со седум екипи, откако екипата на Куманово Гризли е дисквалификувана од натпеварување, бидејќи првите два натпревари оваа екипа не ги одигра и ги загуби со службен резултат.

Поради два неодиграни натпревари екипата на Куманово Гризли е дисквалификувана од натпреварување, со што се бришат бодовите на МЗТ Скопје и Вардар, па во иднина во секое коло ќе има по една слободна екипа.

Токму Бадел ќе биде слободна екипа во рамки на 3. коло, а што се однесува до останатите натпревари Вардар на домашен терен ќе се соочи со Крива Паланка, која е лидер на табелата со максимални четири бодови односно има две победи од два натпревари.

Во Делчево екипата на Патриот ќе ги одмери силите против МЗТ Скопје, во меч каде домаќинот ќе бара прва радост бидејќи на стартот во новата сезона има два порази од два натпревари.

Пробаскет во Кавадарци ќе го пречека фаворитот и шампион Баскет Кам од Македонска Каменица.

Што се однесува до Првата Б кошаркарска лига Јанбор во Кавадарци ќе игра против Струга, Спорт Тим во Неготино ќе го пречека одличниот Охрид кој ќе бара три од три, Риниа Баскет ќе игра против Шкупи, а пак Гостивар ќе игра против Пониква во дербито од дното на табелата за прва победа на двете екипи.

Александар Ванев, М-Нет