Кошаркарите на Соколи утре в Штип против Мега Баскет

Утре со два натпревари ќе се комплетира втората рунда од Втората кошаркарска лига.

Штипски Соколи во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип ќе го пречекат тимот на Мега Баскет, во меч каде двете екипи ќе ја бараат втората сезонска победа, откако и двете екипи сезоната ја отворија со победи.

Соколи имаше важна и голема гостинска победа над Бутел, додека пак Мега Баскет дома беше пресилен за ланскиот прволигаш Академија ФМП со 20 поени разлика.

Натпреварот во „Јордан Мијалков“ во Штип ќе започне во 18 часот.

Ланскиот прволигаш Академија ФМП против Борец Баскет ќе ја бара првата сезонска победа како второлигаш, откако на стартот од сезоната загуби, а прва победа ќе бара и велешкиот тим, кој исто така беше поразен на стартот од сезоната.

Академија ФМП натпреварот со Борец Баскет како домаќин ќе го одигра во „Никола Карев“ во Струмица со почеток од 16:30 часот.

Александар Ванев, М-Нет