
Вонредното 13. коло на Првата кошаркарска лига ќе се одигра во следните два дена односно среда и четврток. Во рамки на групата Б – кошаркарите на Соколи од Штип ќе бидат слободни, па нивниот фокус ќе биде на останатите натпревари односно резултатите од истите.
По поразот на Соколи од Струмица ФМП ова ќе биде момент за одмор и дополнителни подготовки за следниот викенд меч од 14. коло, а во кој штипјани одново ќе гостуваат во Струмица, но овој пат против екипата на Ролинг.
Утре се игра ново дерби во Струмица меѓу лидерот Струмица ФМП и тимот на Бутел, струмичани сакаат триумф и потврда на првата позиција, а пак утре во Свети Николе се игра натпреварот меѓу Овче Поле и Струмица Ролинг, во меч каде домашниот состав е фаворит за триумф.
Колото се затвара во четврток со мечот меѓу Спортсимо и Борец Баскет кој ќе се одигра во Кавадарци, а каде велешани ќе ја имаат улогата на фаворити.
Што се однесува до натпреварите од групата А, истите ќе се играат во дури три днеа. Во среда Тетекс на домашен терен ќе игра против Охрид, Црн Дрим ќе се соочи со Водно Санс, меч закажан за четврток, а пак Младинец ќе игра против фаворитот Вардар, а натпреварот ќе се игра дури во петок.
Во рамки на групата А во вонредното 13. коло слободна ќе биде екипата на Мега Баскет.
Александар Ванев, М-Нет