
Само два натпревари беа потребни за формирање на полуфиналните двојки во плеј-офот за пополнување на Првата кошаркарска лига за следната натпреварувачка сезона 2025/2026.
Екипата на Соколи од Штип триумфираше над Бутел во меч со драматична завршница, откако штипјани беа подобри со тесни 69:70 и со вкупно 2:0 во победи над Бутел обезбедија полуфинале.
На првиот натпревар екипата на Соколи во спортската сала „Јордан Мијалков“ го доби Бутел и така сега е оди во полуфинале, а во кое полуфинале Соколи ќе игра со Ангели.
Екипата на Ангели триумфираше над Борец Баскет со 64:83 за конечни 0:2 во серијата и со тоа е во полуфиналето и ќе ги одмери силите со Соколи од Штип.
Вториот полуфинален меч е меѓу Маџари и вториот тим на МЗТ Скопје, откако Маџари на вториот меч со 67:97 славеше над ланскиот прволигаш Охрид и со 0:2 во серија оди во полуфинале, а пак вториот тим на МЗТ Скопје славеше со 77:65 над Црн Дрим за вкупни 2:0 и оди во полуфинале.
Тоа значи дека во полуфиналето ќе се соочат Ангели против Соколи и Маџари против вториот тим на МЗТ Скопје.
Александар Ванев, М-Нет