Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани со максимален учинок во Аматерската лига

По три одиграни натпревари во Аматерската кошаркарска лига, која е трета по ранг на натпреварување, кошаркарите на Баскет Дино од Кочани имаат максимален учинок со три победи од толку натпревари и прво место со шест бода.

На последниот одигран натпревар од 3. коло Баскет Дино на домашен терен со убедливи 90:68 го доби Конзули од Битола, запишувајќи го третиот триумф во исто толку одиграни натпревари. Со тоа ја задржа челната позиција на табелата.

Екипата на Хераклеа стигна до втората сезона победа откако со 72:55 ја доби Илириа, победа со која битолскиот тим се искачи на второто место во моменталниот поредок.

Најнеизвесниот натпревар во третата рунда го одиграа Илинден и Љуботен. Домашната екипа на крајот се радуваше на победа од 91:85, за прва сезонска радост, додека Љуботен останува без победа по три одиграни кола.

Екипата на Шар Планина беше слободна во ова коло, но и покрај тоа го задржа максималниот ефект од две победи, со натпревар помалку.

Во однос на табелата Баскет Дино е прв со шест бода со три од три, а пак Хераклеа е втора со пет бодови и ефект од два – еден, на третото место е Шар Планина со четири бодови со две победи од толку натпревари и меч помалку, а пак Илинден е четврти со четири бодови од една победа и два порази. Следува Илириа како петта со една победа и еден пораз, Љуботен е трет со три порази од толку натпервари и три бода, а на дното е Конзули со два порази од толку натпревари и два бодови на своето конто.

Во следното коло ќе се игра дерби меѓу Шар Планина и Баскет Дино, Љуботен ќе игра со Илириа, Конзули ќе игра со Илинден, а екипата на Хераклеа е слободна.

Александар Ванев, М-Нет