Кочани ќе презими на дното од табелата во ПЖФЛ, Љуботен есенски шампион, Каменица Саса со седум бода негатива од лидерот

Заврши есенската полусезона во Првата женска фудбалска лига, Љуботен е есенски шампион, Кочани ќе презими на дното, а пак Каменица Саса го дели третото место.

Викендот се одиграат мечевите од последното есенско коло. Каменица Саса со 2:0 славеше над Истатов, а пак Кочани беше декласиран од Тиверија Брера со резултат од 1:6.

Лидерот Љуботен со 4:0 ја доби Речица, додека пак шампионот Скопје го доби Вардар со 2:0, а тимот на Ас Јунајтед беше подобар од Пелистер со 1:2 во Битола.

Табелата е поделена на неколку бодовни пресеци. Љуботен е лидер на табелата со 35 бодови и со тоа тимот на Тетово е есенски шампион со бод повеќе од актуелниот шампион Скопје кој е втор со 34. Меѓу овие две екипи ќе биде трката за шампионската титула.

На делба на третото место се екипите на Тиверија Брера и Каменица Саса со по 28 бодови, а пак Ас Јунајтед и Пелистер со по 23 бода го делат петтото место.

Вардар ќе презими како седми со 16 бодови, а пак Истатов како осми со 12 бодови.

Во долниот дел битката за опстанок ќе ја водат Речица која е претпоследна со четири бода, а пак Кочани е на дното со еден бод. Овие две екипи ќе водат борба за претпоследното место и преку бараж да бараат опстанок, бидејќи веќе конкурентите побегнаа сериозно.

Александар Ванев, М-Нет