
Денес одржана втората средба во Кочани заедно со претставник од општината Кастроп, од Германија. Целта на средбата е потпишување договор за соработка. Од Кочани велат дека влегуваат во процес на дефинирање на проекти, кои пристапуваат кон водоснабдувњето и одведувањето на отпадните води, искористувањеро на термалните води и многу други можности кои ги нуди самиот град.
„Влегуваме во еден процес на дефинирање на проекти на кои ќе работиме во инивијалната свера во која пристапуваме кон водоснабдувањето и одведување на отпадни води, но во оперативниот дел заклучвме дека можеме да навлеземе во многу повеќе области во кои можеме да се пронајдеме и да соработуваме.Специфично за Кочани искористувањето на термалните води, каде се наметнаа со денешното потпишување на писмото за намери, се наметна и можноста за соработка во делот на размена на кулутурни и образовни институции и претставници од оваа свера , во делот на образованието и младите.“ – вели градоначалникот на Кочани.
Воедно на денешната средба се дискутираше за потребата за аплицирање, со цел да се дојде до финансиски средства кои ќе бидат искористено во делот на изгработка на техничка документација и нова стратегија.
„Паралелно се разговараше за пристап до фондот околу 50 илјади евра кои ќе овозможат реализација на ваквите состаноци, патувањата и организационите прашања. И понатаму сето тоа ќе биде пристап за услов до поголем пристап на средства, рокот е септември месец, треба да аплицираме за искористување на средства од 500 илјади евра во делот на изработка на техничка документација, стратешка и дологорочна.“- градоначалник на Кочани.
На денешната посета се констатираше дека ова е добра можност да се погледне развојот во политичките цели кои што ги следи и Германија во Северна Македонија.
„Токму поради тоа, оваа година 2024 мора да ја искористиме за да продлабочиме соработката врз основа на различни развојни проекти и програми, да ги конкретизираме овие настани и да ги исполниме со живот. И поради тоа беше и оваа втора посета, развојна, каде првата беше во декември во Германија, и успеавме сите теми кои што претходно на виртуелните средби ги таргетиравме да ги успеавме локално да ги конкретизираме. Последните два дена погледнавме најразлични постројки во делот на водоснабдување, одведување на отпадни води и собирање на смет и ги видовме потенцијалите на градот. И пред се можеме да видиме потенцијалите на грдот, мош не битно за Кочани, а тоа е туризмот, и со тоа да се развие економијата на Кочани, а и модернизација на инфраструктурата, водовод и канализација.“- вели Штефан
Инаку, првата развојна средба била реализирана во Германија, во декември минатата година.
Лаура Стојанова М-Нет