Кочани домаќин на 21. регионална ревија на песни, музика и игри на здруженијата на пензионери

Кочани денеска беше домаќин на 21. регионална ревија на песни, музика и игри на здруженијата од Источниот регион. На манифестацијата учествуваа здруженија на пензионери од Пехчево, Берово, Делчево, Виница, Македонска Каменица, како и домаќините од Кочани. Во народни носии пенизонерите продефилираа во градскиот парк во Кочани, а потоа културно уметничкиот и забавен дел продолжи во Центарот за култура „Бели Мугри“.

„Овие ревии за пензионерите од Источниот регион имаат многу големо значење. Со тоа пензионерите се дружат, се забавуваат, едноставно си го продолжуваат животот. Тоа е многу голема одговорност и има многу работа. Треба да се мисли за носија, учесници и сѐ што е потребно за ревијата.“ – вели Зафирова.

Освен ревијата во низата активности за оваа година на Здружението на пензионери Кочани се и спортски активности, прошетки, екскурии и слично. Зафирова потенцираше дека следуваат регионалните спортски игри кои ќе се одржат во Делчево.

„Ние имаме направено програма за 2023 година и има многу работи и активности за остварување. Сега во мај е ревијата, па имаме спортски регионални игри во Делчево, ние ќе бидеме гости, одење на екскурзии, посета на манастири.“ – додава Зафирова.

Во оваа прилика Зафорова потенцираше дека жените треба да се борат за своите права и на тој начин да се зголеми бројот на жени кои ќе одлучуваат во државата на разни позиции.

Лаура Стојанова М-Нет