Колку мажите одат на уролог и прават превентивни прегледи на простатата?

Колку често мажите одат на уролог и прават превентивни прегледи за простатата? На терен во Штип, дел од граѓаните над 50 тата годишна возраст велат дека редовно ја контролираат својата здравствена состојба, додека други велат не бидејќи се чувствуваат добро. Но, лекарите апелираат дека тоа што човек се чувствува добро, не значи дека нема здравствен проблем.

Колку е важна превенцијата покажуваат и податоците на Институтот за јавно здравје. Само во текот на минатата година, од карцином на простата починале 228 лица, што е највисока бројка во последните пет години.

,,Во 2025 година се регистрирани 228 смртни случаи од карцином на простата, во
споредба со 207 во 2021 година. Овие податоци ја нагласуваат потребата од
континуирано информирање, унапредување на здравствената писменост кај народот и
навремено барање медицинска помош. Потребни се здравствено -едукативни активности, достапни превентивни услуги, навремено информирање и создавање средина во која мажите ќе можат отворено да разговараат за своите здравствени проблеми без страв од осуда или стигматизација.”, велат од ИЈЗ

И штипските лекари апелираат сите мажи над 50 годишна возраст редовно да прават превентивни прегледи, потенцирајки дека колку повеќе се вложува во сопственото здравје, толку се поголеми шансите за поквалитетна старост.

,,Овде промовираме скрининг програмите за рано откривање на карицном на простата со советување да прават редовни прегледи над 50 години. Се прават и преку крв, се иследува тумор маркер и ехо и во зависност од резултатите се добива соодветна терапија и совет. Ерата на целовкупното живеење ја промени свеста и секој се грижи и вложува во своето здравје за да има една поквалитетна старост, затоа што колку повеќе се грижиме и вложуваме во себе, толку ќе имаме и квалитетна старост.”, вели Митрова

За разлика од ракот на простата, бројот на починати од рак на тестисите е значително помал. Според податоците од Регистарот за рак при Институтот за јавно здравје, во последните пет години најмногу смртни случаи од ова заболување се регистрирани во 2022 година, кога починале девет лица, додека лани биле регистрирани пет смртни случаи.

Иван Митев, М-Нет