
,,Oд две страни е целосно изгаснат, од две стрнаи го држиме под контрола. Голема површина зафати. Значи пожарот над село Русиново, месност викано Драгински рид. Има многу суве вегетација, трева, дабова и букова шума. Квалитетна шума. Порано таму биле колибите, сега има пчеларници. Повеќето од нив изгореа, дел од нив спасивме. Хелихоптери од АРМ и МВР дејстувва вчера. Претходно дејствува авионо од дирекцијата за заштита и спасување. Се разбира бецме клучени и ние, населението, активно и шуманство стопанство берово, доброволни друштва од Пехчево.“, истакна Бошевски
Eкипи и денеска се вклучени во гасењето на останиот дел од пожарот, додаде Бошевски. Потенцираше дека ризичните делови се ставени под контрола, а најбрзу што може ќе биде ставен и останиот дел.
Како што повторно потенцираше командирот на ТППЕ Бервоо, Димитар Бошевски и останиот дел од пожарот се очекува да биде ставен под контрола, а простор за паника нема. Како што рече, ризичните делови се целосно изгаснати.
Иван Митев, М-Нет