
Кои се причините што и во Македонија и во Европа има се помалку деца? По европската статистика, дека бројот на деца на овие простори се намалува, граѓаните на терен во Штип велат дека причините се многубројни. Додека едни велат дека најголем проблем е економската ситуацијата во светот, како и големиот број разводи, други ги посочуваат карактеристиките на новото време, желбата за едно или ниту едно дете, но и немањето доверба меѓу партнерите.
Ако се спореди времето некогаш и сега, граѓаните велат разликата е небо-земја. Некогаш велат деца имало од три па нагоре, сега велат поразително.
Инаку, податоците на Евростат покажуваат дека во Европската Унија продолжува трендот на намалување на домаќинствата со деца. Нивниот удел од 26,9 проценти во 2010 година се намалил на 23,3 проценти во 2025 година. Во Македонија, пак, две третини од домаќинствата се без деца, а нивниот просечен број по домаќинство за една деценија се намалил за 25 проценти.
Иван Митев, М-Нет