Кои екипи играат бараж за Втора лига и како се игра?

ФОТО: Телевизија М Нет

Уште едно коло до комплетирање на сезоната во Втората лига, а веќе во некои третолигашки региони како во Истокот сезоната заврши.

Бараж за влез во Втората македонска фудбалска играат шест екипи, односно петте шампион во Третата македонска фудбалска лига односно во петте регион Југозапад, Запад, Север, Југ и Исток, а шестата екипа, е екипата која ќе заврши на 14. место во Втората лига.

Овие шест екипи преку ждреб ќе го добијат противникот и ќе играат меѓусебно на неутрален терен.

Победниците од овие три натпревари ќе бидат нови второлигаши, а поразените екипи ќе играат во Третата македонска фудбалска лига.

Се’ уште нема официјален термин кога ќе се одиграат бараж натпреварите, но многу веројатно е дека ќе се одиграат веднаш после баражот за Прва лига.

Александар Ванев, М-Нет