
Македонската фудбалска репрезентација ќе добие нов селектор, Фудбалската федерација на Македонија не ја продолжи соработката со досегашниот селектор Благоја Милевски, кој веќе е минато на селекторското столче.
На седница на Управниот одбор на ФФМ донесена е одлука да не се продолжи договорот со Милевски, а кој мандат истече на 30 ноември 2025 година.
Милевски ја презеде македонската репрезентација на 1 август 2021 година и ја водеше Македонија на 48 натпревари со позитивен биланс од 18 победи, 14 нерешени и 16 порази, а притоа Македонија имаше и два бараж дуели за пласман на Светското првенство, а заврши како првопласирана во Ц сегментот од Лигата на нации и обезбеди настап во Б девизијата во следното издание од оваа натпреварување.
Претходно, Благоја Милевски ја водеше репрезентацијата на Македонија до 21 година, а најголемиот успех е пласманот на Европското првенство под 21 година кое се одржа во 2017 година во Полска.
Од управниот одбор на ФФМ сметаат дека е потребна нова енергија и поинаков мотив за претстојните предизвици, а притоа истакнаа дека го цената високото професионално ниво и посветеноста на стручниот штаб предводен од Милевски.
Македонската фудбалска репрезентација најдоцна до 25 декември ќе го добие новиот селектор, кој ќе биде наследник на Благоја Милевски, односно Управниот одбор на ФФМ најдоцна до 25 овој месец ќе треба да донесе одлука за назначување на нов селектор на А репрезентација на Македонија.
Новиот селектор ќе го очекува голем предизвик тоа е баражот за пласман на Светското првенство. Полуфиналето го играме против Данска на 26 март 2026 година во гости, а потоа пет дена подоцна, исто така во гости ќе играме против подобриот од дуелот меѓу Чешка и Ирска.
Александар Ванев, М-Нет