
Три починати лица во последните 24 часа во штипската болница. Починало едно лице од с. Марчино на 66 годишна возраст, едно лице од Пробиштип на 63 годишна возраст и едно од Кочани на 78 годишна возраст. Од болницата оздравени и испишани се четири лица, но има и четири нови приеми. Вкупниот број хоспитализирани е 62. Од нив, 53 се на Инфективното одделение, а осум на Кожното одделение. Дури 45 се на кислородна поддршка, а вакцинирани се 17 ковид – позитивни пациенти. Направени се 49 амбулантски прегледи, а осум ковид – позитивни дошле во дневната болница. На Инфективното одделение има седум слободни места, а на Кожното одделение – две, информира портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во Општа болница Кочани, пак, единствен пораст има во бројот на хоспитализирани. Новопримени се два пациента и со тоа бројот на ковид – позитивни во болницата е 16. Нема оздравени и испишани пациенти, ниту починати лица. На кислородна поддршка е само еден пациент, а вакцинирани се половина, односно осум пациенти. Во кочанската болница има 11 слободни места, информираат од болницата.
Последната статистика на МЗ покажува 172 нови случаи на Ковид – 19, што е 12% од вкупниот број направени тестирања. Во градовите од Источниот регион бројките на новозаразени се едноцифрени.
Бројот на оздравени, пак, е двојно поголем од бројот на новозаразени. Во Штип, бројот на оздравени е за трипати поголем од бројот на новозаразени, во Кочани, пак, 18 се оздравени, а има само еден нов случај. Во останатите градови бројот е едноцифрен.
Во последните 24 починале девет лица.
Во градовите од Источниот регион има 788 активни случаи на Ковид – 19. Најмногу во Штип и Кочани, 236 во Штип односно 226 во Кочани. Трицифрен број има и во Делчево, каде активни се 107 случаи. Бројот сѐ уште е најмал во Пехчево, иако и таму е забележан пораст, односно има 11 активни случаи. Вкупниот број активни случаи, пак, е 8.331.
Ребека Спасова МНет