
21 коло во Втората фудбалска лига го носи и дербито од дното за опстанок, во Велес се игра клучен меч меѓу Борец и Осогово во трката за опстанокот.
Двете екипи имаат идентична форма од последните пет натпревари, од можни 15 бодови на последните пет натпревари екипите на Осогово освои пет бодови, а толку има и Борец.
Осогово е на 14. место во бараж зоната со 13 бодови, а тимот на Крсте Крстев е на негатива од седум бодови во однос на Вардар Неготино или зоната за директен опстанок, а триумф против Борец во Велес ќе значи дека Осогово ќе дојде на минус четири од Вардар Неготино, бидејќи тимот од Неготино оди на претешко гостување во Куманово кај големиот фаворит Башкими.
Од друга страна Борец кој во претходното коло загуби од Вардарски во Богданци сега ќе мора да победи бидејќи во секој друг случај ќе му „виси“ можноста за баражот, бидејќи во таков случај Осогово ќе биде на плус шест од Борец.
Целта на двете екипи е триумф, и едните и другите се свесни за тежината на мечот, за важноста на мечот и за важноста на овие три бодови, во игра се 30 бодови до крајот од сезоната, но веќе од оваа ќе треба да се собираат бодовите, бидејќи од коло во коло ќе станува се потешко за опстанок ако нема позитивни резултати.
Во однос на долниот дел од табелата Вардарски е на дното со осум бодови и овој в
икенд ќе гостување кај лидерот Македонија ЃП, Борец е на 15-тото место со 10 бодови, а пак Осогово е во бараж зоната со 13 бодови и овие две екипи ќе се соочат меѓусебно во Велес.
Вардар Неготино е на 13-тото место со 20 бодови и ќе гостува кај Башкими, Новаци е на 12. место со 20 бодови и ќе има гостување кај Беласица.
Повеќе од неизвесна ќе биде борбата за опстанок во Втората лига, а борбата станува поголема веќе од недела со мечевите од 21. коло.
Александар Ванев, М-Нет