
Вечерва во спортската сала „Јордан Мијалков“ ќе се одигра големо кошаркарска дерби меѓу Соколи и Овче Поле од Свети Николе меч од 9. коло на Првата лига.
Салата со сигурност ќе биде полна до последното седиште, а атмосферата ќе биде збогатена со домашната навивачка група „Ултра Банда“ и гостинската навивачка група „Овчари“ од Свети Николе.
Од кошаркарскиот клуб Соколи кој е домаќин апелираат до двете навивачка група за фер и коректно навивачи во пресрет на вечерашното дерби со Овче Поле.
„Вечерва на верскиот празник Св. Никола, патрон на општина Штип, ќе се одигра првенствен кошаркарски натпревар помеѓу екипите на КК Соколи 1933 од Штип и КК Овче Поле од Свети Николе со почеток во 18 часот, во спортската сала „Јордан Мијалков“. Со тоа и нашио и гостинскиот тим ќе дадат свој придонес кон овој голем и значаен ден за двете општини – Штип и Свети Николе! Очекуваме голем број на гледачи, навивачи и навивачки групи, очекуваме спектакл, со кој ќе се претставимe на целокупната спортска јавност во нашата држава. Апелираме кон двете навивачки групи „Ултра Банда“ од Штип и „Овчари“ од Свети Николе со своето коректно и фер навивање и активност да придонесат за успешна организација на овој спортски настан. Организаторот ККСоколи на полувремето од овој натпревар ќе организара „натпреварување“ помеѓу двете навивачки групи во кошарка – слободни фрлања. За „победникот“ следува пригодна награда! Да уживаме во овој натпревар, да покажеме сплотенос и подобриот нека победи! Да победи кошарката!“, се вели во соопштението на штипскиот клуб.
Александар Ванев, М-Нет