Кик-бокс „гладијаторот“ од Штип Никола Нацев освои златен и бронзен медал на „Трофеј Белград“

Исклучително пријатни и ведри вести ни испрати тренерот на кик – бокс клубот Гладијатор од Штип, Шенол Асанов од Белград. Имено пред малку завршија борбите на штипјанецот Никола Нацев кој настапи во две дисциплини и освои златен и бронзен медал. Во дисциплината Поин – фајт во кат. + 94 кг. Никола Нацев во финалето беше поуспешен од домашен српски натпреварувач и се закити со златен медал.

Во дисциплината Кик – лајт Никола Нацев се здоби со повреда на ногата и поради прекин ос страна на дежурниот доктор мораше да го предаде мечот со што заработи и бронзен медал во оваа дисциплина. Огромно е задоволството на Никола Нацев за освоените трофеи за кои заслугата припаѓа и на докажаниот тренер Шенол Асанов кој неуморнo работи со своите борци и само пандемијата и ограничениот број на натпреварувачи го спречи да отпатува за Белград со побројна екипа меѓу кои и прекалениот борец Славче Арсов. Ова е убав поклон и за градот Штип кого во услови на пандемија спортистите го красат и на пошироките балкански простори прикажувајќи ја симпатичната вистина за нашите спортски амбасадори.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk