КБ Штип доби санитетско возило за транспорт на пациенти – донација од приватна фирма

Санитетско возило доби КБ Штип донација од привтна фирма. Станува збор за возило кое ќе се користи за потребите на болницата, а како што посочи директорот Владко Захариев, со зацврстување на соработката меѓу болницата и приватниот сектор сите придонесуваат за подобро здравство.

„Овој гест од приватна фирма е подадена рака за подобра соработка да имаме ние вработените и прибатниот сектор со што се добива поквалитетно здравство. Ова не е помош, ова е донација, добар чин каде секој се грижи за поквалитетен живот.“ – вели Захариев.

Ова е седмо возило во возниот парк на болницата, кое ќе се користи за транспорт на пациенти. Возилото мерцедес ќе се стави во функција веднаш и ќе користи за потребите на болницата и нудење подобри услови за пациентите од Штип и регионот.

„Во моментот санитетски возила за транспорт на пациенти од овој тип и некои помали – имаме пест во функционална состојба, ова е седмо. Поновите се од 2021 година. Ова комбе, санитетско возило, е за транспорт на пациенти кои ги имаме од Штип и регионот кои се повредени или им е потребен транспорт од други земји.“ – додава Захариев.

Со донации се набавени и доста апарти во болницата, уредени се простории и подобрени се условите за сите пациенти.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет