Кај двајца штипјани пронајдена прашкаста материја

СВР Штип ќе поднесе кривична пријава против двајца штипјани кај кои е пронајдена прашкаста материја. Имено, во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Полициска станица Штип ги лишиле од слобода 26 годишниот И.Р. и 28 годишниот С.Д. поради тоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја.

Од СВР Штип работат на целосно расчистување на случајот, по што против И.Р. и С.Д. ќе биде поднесена кривична пријава.