
В недела ќе се одиграат натпреварите од 5. коло на Трета лига – Исток, а во кое коло слободна ќе биде екипата на Светлост од Зрновци.
Во Берово домаќинот Малеш ќе ги бара првите бодови против струмичка Тиверија, а пак Карбинци го очекува тешко гостување кај непоразениот Хоризонт Турново.
Дојранско Езеро ќе ја бара својата втора сезонска радост на домашен терен против Брегалница од Делчево, која сака трет триумф.
Во Свети Николе домаќинот Овче Поле ќе бара враќање на победничките патеки против тимот на Ударник кој во претходното коло беше убедлив над тимот од Зрновци.
Непоразената Победа од Валандово која игра во перфектна форма ќе гостува кај Рудар во Пробиштип.
Во однос на самата табела пред почетокот на петтото коло екипите на Хоризонт Турново и Победа Валандово имаат максимални девет бодови, а девет бодови има и Овче Поле, но со меч повеќе. Карбинци и Рудар го делат 4. место со по седум бодови, а по шест бодови имаат Ударник и Брегалница од Делчево.
Екипата на Тиверија има три бодови, а толку има и Дојранско Езеро, а на дното се Малеш и Светлост од Зрновци без бодови.
Александар Ванев, М-Нет