
По поставената патна сигнализација по улиците низ град Штип, во најава е 6 месеци сообраќајот да биде пренасочен токму по улиците низ градот под Исарот. Од овде се јавуваат и куп нејаснотии за кои нема конкретен одговор. Проблеми кои се ставени под знак прашалник во врска со целокупната ситуација кој ќе биде дел од секојдневието на штипјани. Впрочем, се очекува реконструкција на обиколницата во Штип. Со тоа сите моторни возила, тешки товарни и сите останати ќе минуваат низ Штип, од шестиот километар, минувајќи покрај градската црква, насочувајќи се кон населбата „Три чешми“. И секако невиден хаос по улиците, сообраќаен метеж, гужва, потешкотии во извршувањето на секојдневните и работни обврски на штипјани. Додавајќи го на сето ова фактот дека за да се пристигне до Клиничката болница Штип, амбулантните возила ќе заглават во сообраќај се поставува прашањето колкава ќе биде успешноста за истите да си ја завршат работата на време? Штип како центар во Источниот дел на државата, град во кој се препраќаат пациентите од Кочани, Берово, Делчево, Виница и целиот исток, а одовде не ретка е ситуацијата која истите се препраќаат за Скопје, проблемот ќе биде неминовен. Од друга страна населението во новоселската клисура со зголемена опасност за нивните деца и жители, како и слободата да се движат по улиците претставува уште еден голем проблем.
На Патот каде што ќе се движат возилата, спрема градската црква, има куќи кои се пред распаѓање, стари и преставуваат дополнителна опасност за сите минувачи и возачи. Граѓаните овде велат дека во секој момент може да падне греда или керамида и да се повреди некој, а што ли ќе се случува кога овде ќе минуваат тешки товарно возила. Во врска со дозволата на Општина Штип, дали има или не согласност целокупната работа не добивме конкретен одговор. Патот кој води до Струмица е направен пред 25 – 30 години, но денес сообраќајот е значително зголемен. Сопствениците на стопанските капацитети кои се наоѓаат по должината на патот, со предлог да се одржи состанок за создавање на привремен земјен пат, но состанокот не се одржа. Приватната компанија која ќе ја врши реконструкцијата на обиколница сеуште без конкретна изјава што како и каде ќе се работи, единствено поставените привремени знаци сведочат дека нешто се подготвува.
Лаура Стојанова М-Нет