
Каква е состојбата во младинскиот фудбал и дали има иднина, каква е инфраструктурата, во спортскиот магазин Трибина на М Нет разгоравме со младиот тренер Александар Максимов, токму на овие теми.
Максимов вели дека ниту еден клуб нема долгорочна стратегија за работа со млади категории.
Максимов во Трибина вели дека инфраструктурата генерално е лоша, но и дека истата не се одржува.
Парите кои доаѓаат од УЕФА за развој на младинскиот фудбал, Максимов вели дека завршуваат за поликолор и апетисани во првиот тим, а со јасна стратегија клубот не треба да дојде до ситуација да има долгови.
Максимов истакна дека има квалитетни играчи, има потенција, а со добра работа може да произлезат квалитетни фудбалери кои би биле носителите на играта во иднина, како во Прва лига, така и за самата репрезентација.
Александар Ванев, М-Нет