Казината и обложувалниците полни, а за беровци цените на пазарот високи – реагираат продавачите

Цените на беровскиот пазар се сведени на минимум, но и покрај тоа веќе секој четврток е празен. Купувачите се во мал број, но и тие што ги има велат дека им е скапо. Продавачите, пак, не се согласуваат со тоа, прашуваат како може казината и обложувалниците да бидат полни, а на пазар да им е скапо на беровци. Луѓето да продаваат доаѓаат од целиот краен Исток, од Делчево и Пехчево најмногу, но не велат дека тоа целосно се исплаќа зашто работат за минимален приход.

И неколкуте купувачи кои ги затекнавме на беровскиот пазар се согласуваат дека е празен, односно дека веќе нема кој да купува. Тие, споредувајќи со личниот буџет, велат дека за нив цените се високи.

Ситуацијата на беровскиот пазар, да има повеќе продавачи од купувачи, е ваква веќе некое време. Освен овошје и зеленчук, но и други производи како мед, ореви, домашна ракија и вино, производи од текстил и садови за домаќинство.

Ребека Спасова М-Нет