Каде завршува облеката што повеќе не се носи – во Црвениот крст, кај блиските или во канта?

Донирана во Црвениот крст, подарена на блиски пријатели, фрлена во контејнер или пак, зачувана во плакарот како спомен, старата облека завршува на различни места, во зависност од навиките и одлуките на граѓаните. И додека од една страна едни избираат облеката да ја подарат на некого за да и дадат втора шанса, од друга страна некои се разделуваат со неа фрлајки ја во канта. Малкумина ја чуваат поради тоа што се емтоивно поврзани со некои парчиња облека, кои ги потсека на нивната младост.

Иако дел од облеката е користена само неколку пати, граѓаните велат дека често забележуваат дека подарената облека завршува фрлена во контејнер. Затоа, според нив, важно е кому се подарува, бидејќи облеката со која можеби ги поминале најубавите мигови во животот, може да ја најдат фрлена во некој контејнер.

Според граѓаните на Штип, облеката не треба да се фрла, бидејки за истата е потрошено време, како и материјал, а пред се финасии. Затоа најголем дел граѓани сметаат дека е најсоодветно облеката да се носи, да се подари. А за да не се трупа во плакарот е важно а не се купува секој месец.

Ева Тушевска, М-Нет