
Голем успех за македонскиот шампион Шкендија откако тимот од Тетово обезбеди европска пролет и испиша голема историја, но притоа направи и историски чекор за македонскиот фудбал. Шкендија е првиот тим од Македонија кој обезбедува европска пролет, односно ќе игра во плеј-офот на Конференциската лига на УЕФА.
Досега ниту еден клуб од Македонија немал европска пролет, а Шкендија со овој голем успех ја наполнија клупската каса со 6 милиони евра.
Иако синоќа Шкендија загуби на Кипар од АЕК Ларнака со минимални 1:0 сепак резултатите од останатите мечеви им одеа во прилог на тетовци и така имаат обезбедно европска пролет.
Во однос на самиот меч АЕК ја затресе мрежата во првиот дел, но ВАР го поништи голот. На стартот од вториот дел Лиридон Љатифи доби директен црвен картон и македонскиот шампион речиси 40 минути беше на теренот со играч помалку. Во продолжението од мечот домашниот тим дојде до гол за победа од минимални 1:0 благодарение на голот на Ангиелски.
Шкендија заврши меѓу најдобрите 24 екипи во третото по ред европско натпреварување на УЕФА со што обезбеди пласман во нокаут фазата.
Ова е голем историски успех за македонскиот фудбал, а овој голем успех на Шкендија го честиташе и Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Масар Омерагиќ, бидејќи ова е значаен придонес за македонскиот фудбал.
Александар Ванев, М-Нет