Инсулин, ленти и игли за дијабетичарите нема, проблем административни грешки

Дијабетичарите мака мачат да дојдат до неопходниот инсулин, ленти или игли од кои им зависи животот. Во време на пандемија, веќе три месеци по ред инсулинот не е достапен за лицата на кои навистина им е потребен, во аптеки го има но не може да им се даде на корисниците.

„Прво некои од инсулините во програмите Мој термин од аптеките ни кажуваат дека се внесени со дупли шифри, тоа во пракса повлекува проблем. Следниот проблем со кој се соочуваме една од терапиите освен во Скопје не може да се најде во другите градови во државата. Ленти до пред еден месец немавме, сега ги имаме но се повторно внесени.“ – истакна претседателот на Сојузот на дијабетичари, Диме Велев.

Над 40 илјади зависни лица од инсулин имаат прашање за живот со оваа терапија. Но, кога и да се појават во аптека или се враќаат назад со празни раце или добиваат половично од она што го бараат.

Дополнителен проблем набавката на инсулин претставува и за лицата кои живеат во руралните средини, оние кои немаат достапни информации, или едноставно не им е толку едноставно секојдневно да одат и да чекаат пред аптека и назад да се враќаат без инсулин.

Лицата со дијабет не се ставени ниту во приоритетната група за вакцинирање, посочија од Сојузот на дијабетичари, секој самостојно мора да се снаоѓа за да прими вакцина.

И сојузот на дијабетичари со реално барање да се набави инсулин односно истиот да им биде достапен на корисните бидејќи потребата од истиот е огромна, и тој за нив живот значи.

Лаура Стојанова М-Нет