„Имаме убедливо најниска цена на горивата во Европа“ – Мицкоски најави поголемо поевтинување на дизелот и бензините

Имаме убедливо најниска цена на нафтата во Европа“, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека следната недела очекува поголемо намалување на цените на дизелот и бензините, откако ќе се направи двонеделната анализа врз основа на која се утврдуваат цените на нафтените деривати.

„Знаете дека на две недели се анализираат акцизите. Сега завршува втората половина од месецот и веќе во понеделник ќе направиме просек за втората половина од месецот. Врз основа на тие параметри ќе се делува на цената на нафтените деривати. Следната недела очекувам поголему намалување на цената на дизелот и на бензините. Она кое е бажно е тоа што ова е берзански производ, сите ние државите купуваме од исто место, а ние како држава имаме убедливо најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин во регионот па и во Европа би рекол.“- Изјави премиерот Христијан Мицкоски

Според Мицкоски, горивата се берзански производ и сите држави ги набавуваат од истиот пазар, но Македонија во моментов има убедливо најниски цени на дизелот и безоловниот бензин во регионот, а, како што рече, и во Европа.

Инаку според последното покачување на горивата, дизелот од денеска е поскапен за 4,5 денари, додека бензините за 3 денари по литар.

Дајана Сандева, М-Нет