Илија Ќосевски е новиот директор на ДМУЦ“Сергеј Михајлов,, Штип, тој седнува на столчето на местото на Горан Кавраков

Илија Ќосевски е новиот директор на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип. Тој од денеска седнува на столчето на местото на поранешниот директор Горан Кавраков, кој во вторникот ја даде својата оставка. Горан Кавраков беше директор од мај 2018 до номеври 2024 година, а зад себе остави многубројни важни дела за самото училиште и останува да биде професор по саксафон. Сега Ќосевски ја превзема одговорноста за да биде водич и претставник на улилиштето. Тој до сега беше професор по народни инструменти, композитор и автор на многу познати песни, а исто така и дел од манифестацијата „Макфест“. За него ова ќе биде нов предизвик за да ги продолжи успесите на училиштето, како и да го збогати секој дел во него.

Лаура Стојанова, М-Нет