Или дрва или храна, најавената тешка зима веќе се чувствува кај граѓаните во Штип

Крај на месецот, но сметките за електрична енергија, храната и лековите мора да се подмират и купат. Без пари тешко се живее, велат денеска анкетираните граѓани во Штип. По најавите дека претстои тешка зима, велат тоа веќе се чувствуа. Ретко по некој од граѓаните се има снабдено со огревно дрво. Поголем дел од штипсјани пола пензија ја трошат на лекови, а за јадење се купува колку да се преживее.

„Секој пат без пари е тешко. Зошто најавуваат тешка зима, 5000 денари е еден кубик дрва, а луѓето земаат по 7000 – 8000 денари, каде е математиката. За пет кубика дрва, граѓаните треба пет месеци да не јадат.“ – велат граѓаните.

Цените на производите во маркетите и продавниците се менува од ден на ден, додаваат анектираните граѓани. Кога се во прашање млечните пориводи пак не се ниту помислува да се консумира во мера како претходно. Како ќе се преживее зимата е незивесно.

Лаура Стојанова М-Нет