
Уметнички дела на дваесетина автори изложени во штипскиот Центар за култура во рамки на Меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште 2022“. Во создавањето на ликовната колонија, којашто е традиционална, учествувале афирмирани уметници од земјава и странство, како Бугарија, Црна Гора и слично. Изложбата ќе биде творена десет дена, а според Трајче Кацаров, од Центарот за ккултура, вратите се отворени за секој којшто сака да се претстави со својот труд и дела со цел развој на ликовната уметност.
„Ликовната култура во нашиот град е во процес на развој и во таа нејзина развојна линија ние постојано се среќаваме со ликовни изложби, како на поединци, така и на група автори. Тука се изложени неколку експонати, секој работен во слична техника. Изложбата е отворена од денеска и ќе биде отворена 10 дена во Центарот за култура“, истакна Кацаров.
Меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште“ во Свети Николе е традиционална повеќе од 15 години. Уметниците творат на неколку локации, а потоа сликите се изложуваат во Домот на култура во Свети Николе. Потоа делата од оваа колонија публиката може да ги види во текот на годината, на изложби организирани од центрите за култура или музеите низ државата.
Ребека Спасова М-Нет