Изградба на четврта ламела во Домот за стари лица – Берово ќе згрижи уште 28 корисници

Во месец март ќе започне изградбата на четвртата ламела, со која Домот за стари лица „Доктор Иван Влашки“ во Берово ќе се прошири за 28 легла. Со ваквата постапка ќе се овозможу дополнители 28 стари и изнемоштени лица да бидат сместени, да добијат услови за достоинствен живот, грижа и нега, а истовремено и да се намали долгата листа на корисни кои чекаат да бидат сместени. Најголем дел од корисниците во домот се лица чии деца се на печалба во странство вели директорка. Додава дека проширување е неопходно бидејќи овој дом е единствен во Истокот од државата.

„Се работи за инвестиција околу 35 милиони денари. Се работи за проширување за 28 легла со што вкупниот капациете на домот ќе изнесува 67 легла. Ние сме единствени во Источниот дел, заинтересираноста е многу голема и листата секојдневно се зголемува така веќе имаме повеќе од 130 баратели за користење на нашата услуга. Тешко се намалува бројот на корисници и многу тешко се доаѓа до сместување.

Со отворањето на четвратата ламела во Домот за стари лица е предвидено да бидат вработени уште десетина луѓе со што се влијае во намалување на невработеност во градот. Дополнително се работи и на реконструкција на кујната со што целосно се подобруваат условите за корисниците.

„Тоа се сите стари и изнемоштени лица на кои навистина им е потребна грижа и нега. Ние сме на сите да им обезбедиме достоинствен живот и да им ја дадеме грижата и негата која им е потребна. Отворањето на четвртата ламела ќе биде од големо значење за нашата установа и да може да ја намалиме големата листа на чекање. Во моментот имаме 19 вработени лица, од кои имаме негователи, медицински сестри и администрација.

Домот за стари лица „Доктор Иван Влашки“ во моментот располага со вкупен капациетет од 39 легла. Првата ламела од домот е отворена во крајот на декември 2015 година со вкупен капациетет од 15 легла. Подоцна во 2019 година се проширува капациететот за уште 14 легла и 2021 година се проширува за уште 10 легла.

Лаура Стојанова М-Нет