Иднината на земјата не смее да биде заложник на политички инаети: Алијанса за Албанците ја поздравува средбата со бугарската страна

Алијансата за Албанците ја поздравува најавената средба меѓу министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија и дава целосна поддршка на секој процес што може да доведе до надминување на блокадата и продолжување на европската интеграција, истакнуваат од оваа партија.

Иднината на земјата, потенцираат од партијата, не смее да биде заложник на политички инаети, огорчености или партиски битки. „Државниот интерес и европската перспектива мора да бидат над секоја дневнополитичка калкулација.

Секој сериозен дијалог што нè приближува до решение, секоја средба што отвора пат и секој чекор што нè води кон Европската Унија ќе ја има нашата поддршка.

Сега се потребни одговорност, зрелост и волја за решение. Граѓаните чекаа доволно. Земјата мора да оди напред“.

Текстот Иднината на земјата не смее да биде заложник на политички инаети: Алијанса за Албанците ја поздравува средбата со бугарската страна е превземен од МАКФАКС.