
Игри на среќа или така наречени лото игри се игри во кои учесниците имаат можност за добивка со посредна или неопсредна уплата на одреден износ. Во овие игри резултатот зависи од случајноста или од независен настан во самата игра. Не очекуваме голема добивка велат граѓаните на Штип, но различни се тие кога станува збор за тоа колку ги практикуваат во секојдневието.
„Да ви кажам играат постојано. Бев пробал неколку пати, видов не ми оди и се откажам од тие работи. Еднаш пратив на едно место, а тоа било наградна игра. Добив радио, пенкала, а јас го без испратила на три имиња. Мислам дека дека 80, до 90 проценти се надеваат на таква луда среќа, но таа луда среќа ќе ја ставеме во наводници. Тешка е работата за да им се падне, меѓутоа еден ќе биде среќен сигурно. Не фала не играм, не очекувам и нема ни да добијам.“ – велат граѓаните
Поголем процент од анкетираните граѓани за М-нет тв, велат дека не ги практикуваат истите, но доколку некогаш имаат можност за добивка, средствата ќе ги донираат како хуман гест или ќе ги споделат со блиското семејство.
“О, дај боже да добијам, јас не играм, но ако добијам ќе ги донирам на сиромаси. Јас не играм, но општо луѓето играат. Па ќе купам станови на внуци и деца. Па ако се падне, можам да бидам нај нешто што се вели, но тоа го нема, многу тешко. Ако се падне на нас, ќе имаме подобар живот. Нема, не верувам јас во тоа .Ако би играл и би добил, сигурно од 10 до 20 проценти ќе ги дадам во добронамерни насоки, а второ е да им помогнам на ќерката да си отвори ординација“ “ – додаваат граѓаните
Според законот за игрите на среќа игрите се вид забава во која учествуваат поголем број на лица, во кои на учесниците покрај забава им се дава можност да остварат добивка во пари, предмети, при што крајниот резултат на самата игра не зависи од знаењето и умешноста на учесниците на играта. Игрите кој не се уредени со закон, не се сметаат за игри на среќа и е забрането да се приредуваат.
Лаура Стојанова, М-Нет