Зрновски или владевски праз е повкусен оваа есен?

Зрновски или владевски праз е повкусен оваа есен? Граѓаните во Штип во дилема, откако почна продажбата на пазарот во Штип. Едни велат дека зрновскиот е повкусен, други го фалат владевскиот, а најчесто и едниот и другиот на почетокот од есента го купуваат за правење зелник или на трпезата, во комбинација со месо.

Продавачите велат дека не е важно од каде е празот, туку какво му е семето, во какви услови е одгледуван и дали е прскан. Три страга ги продаваат за 50 денари, а велат дека штипјани го купуваат на големо за да пробат и изберат дали ке купат во поголема количина за целата зима.

Празот е богат со витамини и минерали и често се користи во исхраната во овој период од годината. Сега најмногу се купува за зелник и за јадења со месо, а од ноември се очекува поголема набавка, бидејќи домаќинствата ќе почнат да го подготвуваат и оставаат за зимата, за сарма и други јадења.

Иван Митев, М-Нет