
Заврши жетвата на белото злато во кочанско, но започна периодот на палење на земјоделските стрништа. И покрај големиот број апели од страна на пожарните единци сепак ова како пракса продолжува да се применува секоја година овој период. На терен поголем дел од оризопроизводителите велат дека палењето на стрништа е единствениот начин да се ослободат од земјоделските остатоци, и да продолжат да ги обработуваат нивите. Друг дел од нив додаваат дека ова како метод не е добро, но сите се согласни дека финансиски средства за современи машини нема.
Дека проблем за имплементација на нови методи се средствата, недостатокот на соодвена механизација за обработка на земјоделските остатоци, согласен е и професор Љупчо Михајлов. Вели дека доколку земјоделците би имале комбајни со сецкалки на пример би ги употребувале, но истите се скапи и недостапни.
„Една од причините е заради тоа што не поседуваат соодветна приклучна механизација, соодветно моќна влечна механизација и трактори, бидејќи се скапи и затоа за да се спримени нова технологија треба и соодветна механизација. Недостатоците за имплементација на новата методо е што е скапа и недостапна за земјоделците“ – вели Михајлов.
За разлика од минатата година оваа година не се регистрирани пожари од загрозувачки карактер поради палењето на стрнишата, уверуваат од ТППЕ Кочани. Но, најголем дел од пожарите регистрирани овој период се токму на отворено и во земјоделските ниви. Командирот на ТППЕ Кочани, Драган Апосотолов истакна дека на вакви пожари припаѓаат дури 80%. Вели дека ова е опасно бидејќи ако има пожар во градот тоа е проблем за нив. Апелира земјоделците да не ги палат стрништата и да не создаваат пожари на отворено.
Лаура Стојанова М-Нет