
На меѓунардоно ниво со претставници од повеќе држави од Западен Балкан, здружението на Роми „Черења“ Штип ја доби вората награда. Претседателката Енисе Демирова истакна дека наградата е огрмоно значење за нив, бидејќи дава мотив и елан плус за работа, но и за вклучување на младите жени во проекти кои се од големо значење посебно за жените Ромки.
„Еве станува збор за награда која ја доделува Европската комисија во соработка со една организација од Албанија „Актив Рома“. Тие секоја година доделуваат вакви награди за ромската интеграција. Оваа година 2021 едни од добитниците сме и ние Здружението на Роми „Черења“ Штип. Исто така имаше претставници од државите од Западен Блакан, Србија, Црна Гора, Бих, Албанија, Косово и Турција“ – истакна Енисе Демирова Претседател на здружението на Роми „Черења“ Штип.
Ова е прва награда од меѓународен карактер за здружението на Роми „Черења“. Но, претходно имаат добиено доста други награди и признанија на национално ниво, бидејќи работат на повеќе проекти со кои се придонесува за подобрување на животот и условите за живот на жените Ромки.
„Ние имаме претходно добиено награди тоа беше на локално ниво, добивме награда за најдобра организација и тоа беше во рамките на манифестацијата „Седум величествени“. Овде бевме први и како организација и како претседател“ – додаде Демирова.
Здружението на Роми „Черења“ Штип во текот на измината година работеше и на проектот против насилство врз жените, бидејќи според анкетиите во време на пандемија за 80% порасна бројот на жени ромки кои трпат семејсно насилство. Во моментот се работи на проектот „Жените ромки знаат како“ со цел да се слушнат проблемите и потребите на жените Ромки и врз основа на тоа да се одредат приоритетите.
Лаура Стојанова М-Нет