
Хуманитарното здружение Др Симон Василев пред една недела ја додели втората стипендија на студент по општа медицина втора година. Стипендијата ќе ја прима до дипломирање. Освен финансиска помош, здружението обезбедува и потребни книги и материјали за учење. Младата студентка од Штип која ги губи двајцата родители бескрајно благодарна за стипендијата упати апел до сите кои се во можност да донираат за да може да му се помогне и на накој друг.
„Родена сум во Штип во мала фамилија каде мојот самохран татко водеше грижа за мене. Без постојана работа, каде условите за живот не ни беа ни малку лесни, но и тогаш ми беа насреќни денови. Тоа го сфатив пред две години кога го изгубив и него. И покрај се собрав сила и завршив средно училиште и сега сум втора година на факултет. Во најтешкиот период привикнувајќи се на новонастанатиот пресврт во животот кога многумина го свртуваат грбот, хуманитарното здружение Доктор Симон Василев со отворено срце и широки раце ми пружија помош. Здружението на чело со доктор Мирела Всилева стапи со мене во контакт пред една година и оттогаш ми помага во врска со се. Затоа сум им бескрајно благодарна и ги повикувам сите граѓани кои се во можност да донираат на ова здружение. “- вели за М-Нет телевизија стипендираната студентка.
Ти испрати Вчера се одржа хуманитарна забава организирана од хуманитарното здружение Др Симон Василев и Студентските организации при УГД со цел помош на студентка која е во последните години од студиите да може да запише семестар и да ги заврши студиите успешно. Се работи за 22 годишна идна докторка од Велес, која покажала извонредни успеси за време на студирањето, но поради ситуацијата во која се наоѓа е принудена да побара помош.
Изјава за стипендија фантомстави 00.32 сакам 01.09 мојата
„Сакам да се заблагодарам многу оти кога најмногу ми беа потребни средства за да запишам година тие ми помогнаа и сум преблагодарна за тоа. “
Здружението Доктор Симон Василев лани ја додели првата стипендија на студентка по медицина од Прилеп. Здружението започна да функционира во чест на прерано починатиот доктор Симон Василев.
Лаура Стојанова М-Нет