Здравков: Граѓаните да бидат наши сојузници за почист град!

Чист град е мотото под кое се водат од ЈП „Исар“. За таа цел и во пресрет на Задушница тие спроведоа акција во која го собираат ѓубрето на градските гробишта во Штип. Меѓутоа ова не е единствената локација каде што се чисти исткан директорот Трајче Здравков, додавајќи дека ваквите акции че продолжат и во иднина.

„ЈП „Исар“ Штип со сите свои капацитети ќе почне со акција за почист град. Денес пред претстојниот празник на барање на нашите граѓани и по нашата програма и план сме на Градските гробишта во Штип. Овде ќе вршиме косење, собирање на сметот се со цел нашите граѓани да ги видат благодетите од вработените на ЈП „Исар“ Штип. Нашите екипи од комунална хигиена имаат таргетирано неколку мини депонии во градот, поточно кај Медицината, кај филтер станицата и кај Мирјанината цркваи во наредните денови истите ќе бидат исчистени“ – кажа Здравков.

Здравков ги повика граѓаните да бидат сојузници во борбата за почист град, да ги пријавуваат мини депониите, а тие вработените во ЈП „Исар“ за 24 часа да ги исчистат истите.

Лаура Стојанова М-Нет