
Зголемувањето на пензиите од септември позитивно ги изненади пензионерите во државата. Ова е мотив, дека надежта се враќа, велат анкетираните граѓаните пред камерите на М-нет телевизија. Едногласно тие се задоволни и велат дека со ваквиот случај тие ќе можат малку да се ослободат и да ги направат зимниците кој се познати за периодов.
„Па 2,500 денари од мене и толку од жена ми, таман 5000 ќе стасат за нешто. Знаете ли колку чини кошничката што ја носам, има пет работи, а кошта 1100 денари.“, истакнаа граѓаните
“Па добро, задоволни сме, добро е. Се што недостасува дома, колку можеме со тие пари ќе надокнадиме. Ќе се опуштиме и за зимница, но и за домашните потреби, лекарства, но и дрва.“ , додаваат граѓаните
Покрај основните потреби, други велат дека ќе можат да си дозволат да си купат и облека, но и делумно од парите да ги заштедат на своите сметки.
“Огревно дрво, други работи прехрамбени такви, облека, огревно дрво, бидејќи не знаеме каква ќе биде зимата.“, велат граѓаните
“Од другиот месец ќе има по 2,500 денари, а сега е по старо, задоволен сум. Слушај, ќе платиме струја, вода, помош е. Како не значи, ќе купиме лекови.“, истакнаа граѓаните
Со ваквата ситуација, за двајца пензионери во заедница дополнителното зголемување на пензиите во износ од 2,500 днеари, заедно би изнесувално 5000 денари, а од март догодина со наредното покачување за уште од 2,500 денари, двајца пензионери би зеле 10.000 денари дополнително, што го доведува фактот дека пензионерите ќе имаат можност за подобра иднина.
Лаура Стојанова, М-Нет