
Зголемена потрошувачката на вода во општина Штип, што е вообичаено за топлите летни месеци. Домашните уреди работат постојано, а речиси во секој двор е пуштено црево со вода за да се разлади земјата. Станува збор за третирана вода велат од јавното претпријатие „Исар“ Штип и апелираат за внимателност.
“Не би рекол дека станува збор за намалување на количината на водата, туку за зголемена потрошувачка. Ние како јавно претпријатие, благодарејќи на начинот на кој го водоснабдуваме градот т.е со водоснабдување од хидро системот Злетовица и филтерстаницата која врши хемиски и физичка обработка на водата, испорачуваме и сме во можност да испорачуваме голема количина на вода, меѓутоа станува збор за третирана вода која ние како јавно претпријатие трошиме средства за да ја хемиски и физички третираме за да биде пивка. “- истакнува Зајков
Од претпријатието велат дека нема недостиг на вода, но предупредуваат дека доколку водата се користи во поголема количина и за дворните места, дел од улиците има можност да се со послаб притисок.
“Апелираме до граѓаните дека во овие денови, кога температурите се високи првенствено водата се користи за намената за која служи, односно за нас граѓаните кој што живееме во општина Штип, односно да не ја користеме за наводнување на земјоделски површини, бидејќи доколку во одредени периоди од денот поголем број на граѓани во зависност во која населба се и на која улица може да дојде, дека ако повеќе домаќинства пуштат за да наводнуваат зелени и земјоделски површини, да некој од улицата остане со послаб притисок. Затоа нашиот апел е да водата првенствено се користи за намената за која ние како јавно претпријатие ја испорачуваме до домакинствата.“- вели Зајков
Инаку, на теператури над 40 степени потрошувачката на вода во Штип е зголемена, но претпријатието благодарејќи на хидро системот Злетовица се во можност да испорачува голема количина вода. Максималната потрошувачка во споредба со изминатата година измерена во попладневните часови била 200 литри во секунда, што е факт за голема потрошувачка.
Лаура Стојанова, М-Нет