
Дозволата за изградба на затворениот базен во Суитлак е во далечната 2020 година со рок на извршување од 18 месеци. Подоцна по пробиентиот рок за изградба и по 2,5 години граѓаните се прашуваат каде е затворениот базен, истакнаа денеска на прес конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Од таму велат дека СДСМ бесрамно со лаги и манипулации дојдоа на власт, така ќе заминат во политичка пенизја.
„Повторно го прашуваме Благо Бочварски и надлежните институции: дали се исплатени парите на граганите во износ од фантастични 600.000 илади евра на изведувачот, – доколку се исплатени зошто базенот во Штип е нефункционален, – дали е покрената постапка поради пробиванье на рокот за градба и пуштаье во употреба на обектот со цел заштита од злоупотреба на парите на граганите, – 7 години СДС преку одговорните на институциите се однесува неодговорно, неажурно и манипулативно кога се во прашанье ветени, отпочнати и нереализирани проекти на штета на граганите и зошто СДС и Бочварски поради лошиот изборен резултат на локалните избори и физаското кое ке го доживеат на претстоните избори, ги казнува граганите на Општина Штип со нереализациа на веке започнати проекти, по примерот на Клиничката болница во Штип, Жичарата, Аква паркот, Студентскиот дом и многу други“ – вели Душко Иванов, претседател на ВМРО – ДПМНЕ

Јорданов и ДПМНЕ се единствените кои беа противници и создаваа хистерија за изградба на покриениот базен, додека централната власт на СДСМ е онаа која обезбеди средства за покриениот базен. – вратија од ОО на СДСМ Штип
„Во меѓувреме, го повикуваме координаторот на ДПМНЕ да одржи прес конференции пред паркот со езера кај Мирјанината црква, пред новата реконструирана бања Кежовица, пред обиколницата до Ново Село, пред новиот стационар за кучиња скитници, на атлетскиот стадион, пред проширениот булевар Партизанска. Можеби кооринаторот Иванов ќе одржи иста ваква прес конференција како советник во Советот на општина Штип и ќе им објасни на штипјани како патриотски изгласа покачување на цената на водата, повисока цена за собирање смет, зголемена стапка на данок на промет , како го распродаде општинскиот имот и многу други патриотски одлуки на штета на граѓаните.
Очигледно кратка е меморијата на Иванов , но граѓаните знаат кој направи од Штип центар на истокот.“ – стои во писмената реакција од СДСМ Штип.
Од таму посочуваат дека Централната власт на СДСМ во Штип за само една година вложи во проекти, како реконструкција на улици, пешачки конзоли на р.Отиња , нова хидро централа Злетовица и слично.
Лаура Стојанова М-Нет