
Во среда 16 септември во Струмица ќе се изврши селектирањето на фудбалери за фудбалската академија при ФФМ а под покровителство на УЕФА. Според информациите од Димитар Маџунаров кој е задолжен за оваа организација во Струмица ќе партиципираат млади фудбалери од клубовите во источниот дел на Македонија. Ова селектирање е доказ дека современите европски текови, методи и принципи дословно се практикуваат и применуваат кон младите таленти за трасирање на квалитетен фудбалски чекор на европски фудбалски план.

Фудбалска Македонија се повеќе располага со квалитетни терени, разно – разни а неопходни спортски реквизи и што е најважно има млад стручен и лиценциран кадар кој ги применува најновите современи достигнувања во креирањето на новите млади и идни таленти. Тестирањето и селекцијата ќе се спроведува под раководство на комисија составена од селекторите на македонската репрезентација и во зависност од техниката на знаењето, креативноста, талентот, физичката подготвеност и постигнатите резултати ќе се одредат најдобрите за академијата во Скопје. Оваа фудбалска академија при ФФМ а под покровителство на УЕФА наставата ќе ја одвива во Скопје а ќе ја сочинуваат најдобрите 22 кандидати од цела Македонија.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk