Започна санација на автобуските постројки во Штип, дупките ќе чекаат подобри временски услови

Санација на автобуските постројки е една од започнатите активности на територија на Општина Штип, во изминатата недела од страна на ЈП „Стипион“. Според в.д. директорот Игор Ефтимов, се работи на активности кои не биле санирани долго време, а се од големо значење за градот под Исарот. Во дневникот на активности за изминатата недела се и реконструкција на тротоари, санација на детски игралишта и слично.

„Во иминатата недела ЈП Стипион имаше многу активности. Еве, можам да кажам дека почнавме со санација на автобуските постројки во градот каде што ниту една автобуска постројка ниту имаше некоја заштитна ограда, ниту заштита за луѓето кои чекаат таму. Продолживме со санација на некои детски игралишта, бетонираме улички во населбата Осми ноември. Единствен проблем со кој се соочува е тоа што поради ниските температури не работат асфалтните бази така да сите оние ударни дупки кои се наоѓаат на коловозите во Штип, кога ќе почнат со работа асфалтните бази дури тогаш ќе бидат асфалтирани“ – кажа Ефтимов.

Ефтимов додаде дека за сите проблеми и недостатци со кои се соочуваат граѓаните може да се пријавата на веб страната, со цел екипи на претпријатието да излезат на терен и роблемите и недостатоците да бидат решени. Во тек се активностите за кој временските услови дозволуваат работа на терен, а за останатите ќе се чека зголемување на дневните температури.

Лаура Стојанова М-Нет