Започна новата сезона во кошаркарската Суперлига на Македонија со натпреварите од првото коло

Започна новата сезона во кошаркарската Суперлига на Македонија, откако сезоната беше отворена со вчерашниот меч меѓу актуелниот шампион МЗТ Скопје и екипата на Маџари.

Денес ќе се одигра натпреварот меѓу Гостивар и Тиквеш, а пак утре на програмата ќе бидат три натпревари.

Кожув ќе се соочи со ТФТ Скопје, Чаир на домашен терен ќе оди на мегдан со Куманово, а пак Феникс ќе игра со повратникот Ангели.

Колото се затвара во понедленик со дербито меѓу Работнички и Пелистер.

Бранител на титулата е МЗТ Скопје Аеродром, а екипата на Васко Атанасов одново е главен фаворит за титулата.

Александар Ванев, М-Нет