
Со одигрување на првите два натпревари, на спортскиот центар во Чардаклија започна 21 издание на Мeморијалниот турнир „Влатко Петров“. Годинава се пријавија и на турниирот ќе се натпреваруваат 8 екипи кои ќе се борат за освојување на првото место. Во првиот натпревар домакинот екипата на Чардаклија славеше победа изразена со резултат 1:0 против тимот на Матива. Во вториот меч се сретнаа Тас Комерц – Инфинити кој беше мошне ефикасен и заврши со резултат 4:3. Денес на програмата се нови два натпревари во кои ќе се сретнат:
Драгеви ДОЕЛ – Спиро
Еко Оил – Далга
Натпреварите секојдневно се играат со стандардниот почеток на првиот меч од 19.00 часот и на вториот натпревар од 19.50 часот на теренот во Чардаклија.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk