
Продолжува процесот на имунизација во салата Јордан Мијалков во Штип. Од денеска покрај аплицирање прва доза вакцина со „Синовак“ и ревакцина со Астра зенека започна и ревакцината со вакцината „Фајзер“. Со спуштање на старосната граница заинтересираноста расте, велат од вакциналниот пункт во Штип, но и персонал за да одговори на барањата на граѓаните.
„Денеска продолжува процесот на имунизација во салата „Јордан Мијалков“ во Штип. Денеска се вакцинираат граѓаните со синовак, а се ревакцинираат со Гајзер и Астра зенека.“ – истакна Иле Постолов , заменик координатор за вакцинација.
Од денеска на столче за вакцина седнаа и вработените во основните и средни училишта. Најголем дел од наставниот кадар денеска со закажан термин примија прва доза вакцина Синовак.
Според информации од Министерството за здравство вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата, а како што истакна Министерот за здравство, Венко Филипче единствен спас од делта сојот е масовната вакцинација.
Лаура Стојанова М-Нет