Заостанатиот меч Плачковица – Кит Го Пехчево во сабота директно на Мнет ТВ и на каналот на Мнет Спорт

Поради временските неприлики во неделата беа одложени два натпревари во рамки на ВМФЛ – Исток и тоа Победа – Тиквеш и Плачковица – Кит Го Пехчево. За таа цел надлежната комисија при ФФМ се реши овие два натпревари да се одиграат утре сабота со почеток во 15.00 часот. Спортската редакција на Мнет ТВ на својата програма и на спортскиот Мнет канал ќе врши директен пренос од Радовиш од натпреварот Плачковица – Кит Го Пехчево. Радовишани во оваа сезона мака мачат за опстанок во лигата и засега се наоѓаат на претпоследното 9 место на табелата со 11 освоени бодови. Од друга страна екипата на Кит Го се наоѓа на 4 место со 29 бодови и со сите сили го напаѓа третото место на табелата на кое засега се наоѓа Кожув од Гевгелија кој има 32 бода и во случај на победа бодовно ќе се израмнат. Инаку овие два натпревари се во рамките на 20 коло од втората лига – Исток а симпатизерите на фудбалот крај малите екрани можеа да ги проследат директните ТВ преноси на Мнет ТВ и на Спорт Мнет од Виница и од Кочани во кои победници беа штипска Брегалница и Каменица Саса.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk