
Покачувањето на цената на електричната енергија нема да донесе промени во цената на лебот и белите пецива. Засега има доволни количини на брашно и резерва, па како што велат од пекарите овие производи во наредниот период остануваат со иста цена како и до сега.
„Сега за сега нема некоја информација дека ќе биде зголемена цената на брашното и на енергенсите. Струјата е нешто минимално покачена, но тоа нема да се одрази на цената на производот бидејќи ќе го искалкурираме со некои други заштеди“ – вели Малинов.
Дополнително радува фактот што се решава проблемот со вработените. Како што вели Малинов од помош е Законот да работат пензионери, а се враќаат и работниците од Хрватска на пример и на тој начин се задоволуваат потребите.
„Веќе се менува и Законот, пензионерите можат да работат и се потпираме на нив.“ – вели Малинов.
Лебот се продава по цена од околу 30 денари, во зависност од грамажата и квалитетот.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет